2Д ресторани, несекојдневно визуелно доживување
•
15 февруари 2023
Ако сакате да доживеете малку необично искуство, да се почувствувате дека сте дел од приказна, дел од некој стрип, тогаш овие 2Д ресторани се вистинското место за вас.
Дизајнот е така мајсторски изведен што внатре буквално сè изгледа дводимензионално, од столчињата и масите до полиците на ѕидовите и престилките на келнерите.
Она што е исто така интересно е изгледот на храната во целиот простор. На белата основа со црни линии, јадењето изгледа импресивно и уште повкусно.
Ваквите ресторани се одлично место и за правање на добри фотки, во кои сите ќе уживаат.
Во продолжение гледаме три ресторани во "2Д форма."
Mochi Donuts - Чикаго
Helli & Leo - Виена
Bonifacio - Филипини
Фото: Instagram, Facebook