Амстердам доби две нови мега гаражи за велосипеди, кои што се наоѓаат девет метри под вода. Местото, кое што има капацитет за 11.000 велосипеди, го чинеше градот дури 85 милиони евра. Првата гаража, наречена Stationsplein може да смести 7.000 велосипеди и е поврзана со метрото и железничката станица преку повдижни патеки.
Според тамошните власти, овој мега паркинг, кој што е резултат на четири годишна напорна работа, ќе им пружи на пешаците повеќе простор низ прометната станица.
Во внатрешноста на подводниот паркинг ќе има и еден вид на уметничка изложба која што ќе ја прикажува историјата на градот, инфо за празни места, за споделување на велосипеди и за поправки.
Во гаражата Stationsplein, која што чини 60 милиони евра, паркингот за првите 24 часа е бесплатен, а потоа се напаќа по 1,35 евра дневно.
Бројот на велосипеди во Амстердам преминува 800.000, односно 60% од жителите користат ваков транспорт секојдневно.
Месецов се очекува пуштање и на втората гаража која што ќе смести 4.000 велосипеди.
View this post on Instagram
View this post on Instagram