Chalet al Foss - луксузен резорт под снежните Алпи во Италија

9 јануари 2024

Кога ќе се спомене Италија и снежните Алпи веднаш помислуваме на идилична зимска бајка. Овој пат не сме далеку од вистината, само што бајката доаѓа во луксузно пакување.

Chalet al Foss е хотел сместен во северниот дел на Италија во мирното место Вал ди Соле, каде што гостите доживуваат незаборавно искуство.

За почеток тука е богатиот појадок во загреан king size кревет во снег, со поглед на планинските врвови. Додека се восхитувате на прекрасната природа можете да вкусите разни италијански специјалитети како кроасани, тост сендвичи, палачинки, колачи, разно овошје, кафе, сокови...

Уште една атракција се двете алпаки коишто можат да ви прават друштво додека појадувате во приватната градина. Резортот нуди и инфинити базени во коишто исто така може да уживате во пловечката закуска по желба, релаксирајќи се во топлата вода.

Хотелот е посебен рај за парови, а менаџментот постојано осмислува романтични начини за убав помин, како купки со листови од роза, спа третмани и слично.

Chalet al Foss има 44 соби со подно греење и балкон со панорамски поглед на алпите. Местото е одличен избор и во останатите годишни времиња, кога насекаде е распослано прекрасно зеленило и планински цвеќиња.

Хотелот исто така нуди и сауна како и внатрешен базен коишто само го дополнуваат неверојатното искуство што вреди да се доживее.

Објавено:
9 јануари 2024
Категорија: 
Архитектура