Домување во FUTURA 2 – најдобрата инвестиција за секое семејство

4 јануари 2024

Атрактивните квадратури, функционалниот распоред на становите, висококвалитетна градба според светски стандарди, одличната локација – се само дел од предностите на новиот објект на ELENA LUKA HOME, FUTURA 2 поради кои е одлична инвестиција за секоја индивидуа и семејство кога треба да го реши станбеното прашање.

Лоцирана на самиот булевар „Борис Трајковски" во населбата Кисела Вода, на само 7 минути од центарот на Скопје, FUTURA 2 ќе ги задоволи потребите на сите футуристи кои сакаат да отскокнат од шаблонското домување кое се нуди.

Што е тоа што ги издвојува нашите станови?

Овие станбените единици се прилагодени на новиот, подинамичен начин на живот. Тие ги имаат следниве карактеристики:

Едноставен распоред и функционално распоредување на просторот

Тоа значи дека немаат многу ходници, а просторот е максимално искористен за сите Ваши животни навики.
Една од практичните карактеристики на становите во објектот е нивното зонирање по функции – дневната, поактивна зона е одделена од ноќната, пасивна зона. Тоа значи дека дневната соба, кујната и сите простории во кои се одвиваат сите активности се во една зона, додека ноќната зона, која треба да биде потивка и посмирена е одделена.

Повеќе детали за ФУТУРА 2 прочитајте на овој линк.

Објавено:
4 јануари 2024
Категорија: 
Архитектура