Градежната компанија ELENA LUKA HOME вчера со своја агенда и стратегија беше дел од првата Интернационална конференција за недвижности во Македонија, во организација на Фортонмка, која се одржа во Хотелот Хилтон, во присуство на домашни и меѓународни професионалци и компании од индустријата за недвижности.
Настанот беше уникатна можност за сите учесници во оваа индустрија, да се спојат на едно место, како и да бидат дел од професионално и модерно вмрежување со конкретни дискусии за најновите трендови во сферата, како и дебатирање на бројни и различни перспективи, а воедно и предизвици на оваа индустрија во земјата и пошироко.
Во склоп на оваа конференција којашто за прв пат се одржа во државата, се обратија и учествуваа врвни домашни и странски експерти, кои се вклучија како учесници, гости и како говорници во експертски панел дискусии. Експертите на различен начин се активни и во инвестиции и развојот на индустријата за недвижности и значително допринесоа да се збогати настанот со нивното присуство и експертиза, преку кои ги споделија своите искуства.
ELENA LUKA HOME како етаблирана градежна компанија, располага со исклучително атрактивна понуда на пазарот за недвижности, како во однос на станбените така и во однос на деловните проекти, за што имавме можност да поразговараме со сопственичката и генерален менаџер г-ѓа Елена Пандева, како и со дел од тимот што ја претставуваше компанијата на оваа конференција.
г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ELENA LUKA HOME
-Како градежна компанија која е една од водечките, е етаблирана и активно инвестира во пазарот на недвижности кај нас, секако дека присуството на првата Конференција за недвижности во Македонија, беше задолжително. Одлична можност за вмрежување и остварување соработка на различни нивоа во стручната сфера, како и запознавање со новите тенденции, актуелности, но и предизвици на пазарот. Нашата актуелна, но и долгорочна стратегија вклучува една широка лепеза на проекти кои од секој аспект се атрактивни за пазарот на недвижности, земајќи ги предвид и станбените и деловните објекти. Со нашето долгогодишно присуство во градежниот сектор, сметам дека сме значаен чинител во поставувањето на едни нови и повисоки стандарди кои секако му помагаат на пазарот на недвижности да се доближи до тенденциите на светско ниво, па нашето присуство на конференцијата го искористивме и да споделиме добри практики и искуства со присутните експерти од различни сектори, покрај промоцијата на нашите актуелни проекти, изјави г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на градежната компанија ELENA LUKA HOME.
За значајноста на присуството на ELENA LUKA HOME на овој настан и кои се најзначајните предности по кои оваа компанија е препознаена како етаблирана на пазарот, поразговаравме и со управителката на компанијата, г-ѓа Милка Петрвска.
- ELENA LUKA HOME е високо етаблирана компанија во градежниот сектор и на пазарот за недвижности.
Како компанија фокусирани сме кон постојан прогрес и континуирано надградувње на нашите услуги и профилирање на тимот, па согласно на тоа сосема е природно како нејзини преставници, да бидеме дел од еден ваков настан. Водени од визијата на нашиот генерален менаџер, госпоѓа Елена Пандева, објектите на нашата компанија се издвојуваат со својата автентична и визуелна естетика, со квалитетната градба и со имплементирањето на најквалитетните градежни материјали. Сето тоа е внимателно прилагодено на потребите на нашите ценети клиенти, со цел да им обезбедиме квалитетно домување или квалитетен деловен простор, согласно нивните потреби. Токму по овие карактеристики ELENA LUKA HOME е препознатлива на пазарот за недвижнини и слободно можам да кажам дека семејството на компанијата постојано расте поради големата доверба која ни ја даваат нашите клиенти.
Правната сигурност и професионален пристап се едни од најзначајните аспекти во постапките за купопродажба или изнајмување на недвижности. ELENA LUKA HOME е компанија која во секој аспект на своето работење се придржува на највисоките стандарди во правните процедури, а на оваа тема како и во однос на прашањето зошто е значајно присуството на компанијата на овој настан, разговаравме со правникот на ELENA LUKA HOME, г-ин Владимир Ѓоргиевски.
- Нашето учество е значајно од неколку аспекти. Најпрвин како една од најстарите компании кои се занимава со недвижности, природно е, како движечка компанија на градежниот сектор да учествуваме на ваков настан кој за прв пат се организира во нашата држава. Исто така, покрај промоцијата на нашата понуда, тука сме да оствариме соработка и да размениме искуства со останатите компании, кои доаѓаат и од други бизнис сектори, не само од градежниот сектор, а кои се заинтерсирани за соработка во делот на недвижностите, со што би навлегле во некој нов начин на соработка, надвор од стандардниот кој бил до сега и кој ги следи новите трендови и побарувања, бидејќи како компанија секогаш се прилагодуваме на барањата на клиентите и ги следиме сите новитети. Во однос на правните постапки, како во секоја економска соработка, така и во нашите, кои се однесуваат на продажба и изнајмување на недвижнини, довербата, професионализмот и пред се правната сигурност се најважните столбови врз кои се заснова нашето работење. Па при реализацијата на продажба на станови, нашите клиенти детално и целосно се запознаени со правата и обврските кои ги имаат при купувањето на стан и обрнуваме посебно внимание на презентација на целата правна процедура на клиентите, од моментот на избор на стан и потпишување на преддоговорот, па се до изградба на објектот, добивање на клучевите и имотен лист со кој, официјално се заокружува процесот на продажба на стан.
За актуелните проекти на компанијата и за нивните карактеристики, поразговаравме со менаџерката за продажба, г-ѓа Фросина Лазарова.
-Една од најважните одлуки на секој човек е инвестирањето во сопствен дом и купувањето стан. Од таа причина нашата компанија ELENA LUKA HOME континуирано ја збогатува својата понуда, со станбено-деловни објекти на повеќе локации – атрактивни и внимателно избрани.
Објектот MELODY исто така е еден од нашите актуелни проекти, кој го градиме во населбата Железара, во близина на „Ремедика". Исто така овој објект вклучува станбени единици со квадратури од 45м2 до 86м2, како и четири деловни единици од кои едниот тип е со 86м2, а вториот тип е со површина од 106м2. Важно е да се потенцира одличната локација на станбено-деловниот објект, позициониран на улицата „Коце Металец" во непосредна близина на парк шумата Гази Баба.
Објектот Connect5+ кој е веќе во изградба во населбата Мичурин општина Аеродром, на големо задоволство може да информира дека е речиси целосно распродаден.
Ексклузивниот објект DIVINE е уште еден од нашите исклучително атрактивни објекти, лоциран во населбата Црниче, наспроти црквата „Света Петка". Во рамки на овој објект имаме еден поинаков концепт, со 6 станбени единици со поголеми квадратури од 96м2 до 200м2.
На одлична локација во општина Аеродром, во склоп на нашиот комплекс Business Homes, сакаме да ви ги презентираме и нашите деловни простории со квадратури од 317м2 и од 814м2, како одличен избор за различни бизнис дејности.
Би сакала тука да додадам и дека визијата на нашиот генерален менаџер и сопственик г-ѓа Елена Пандева, е да обезбеди квалитетно, безбедно и современо домување за секој станар и за секое семејство кое се одлучило за дом во нашите објекти и на оваа идеја и мисија работиме посветено и професионално во континуитет. А тоа подразбира имплементирање на најквалитетни и современи материјали во секоја наша градба, вклучително и завршни материјали, избор на одлични локации, максимална безбедност на секој објект според највисоките стандарди, како и комплетна енергетска и финансиска ефикасност на истите.
Еден од панелистите-говорници на настанот, на тема Проектно финансирање, беше и г-ин Игор Стојнев, консултант од Групацијата „Жикол".
- Самото име ви кажува дека е прва конференција за недвижности, што е од исклучително значење, значи конечно се случува еден ваков настан којшто е организаран од Фортон. Токму од тие причини ние како групација Жикол и ELENA LUKA HOME прифативме да учествуваме на конференцијата, конкретно јас да бидам и во улога на панелист. Учествував на панел дискусијата што се однеуваше на проектно финансирање, иако ние како групација можеме да бидеме опфатени и со повеќе теми, на повеќе панели. На пример изградба на деловни простории, изградба на станбен простор, развој на логистички центри, развој на мали retail паркови. Сепак изборот на организаторот беше јас да зборувам на темата проектно финансирање. Како поранешен банкар, професија што ја работев 20 години, темата за мене е доволно позната, а и како консултант во изминативе седум години во групација Жикол и ELENA LUKA HOME. Темата финансирање на проекти е интересна сама по себе. Сите инвеститори треба да имаат пристап кон пари за развој на инвестиции и проекти. Постојат и самофинансирани проекти, но има и такви кои мора да бидат финансирани од финансиски институции. Инаку, ние сме присутни со станбен и деловен простор низ цела Македонија. Групацијата Жикол и ELENA LUKA HOME градат во Скопје, во Струмица, во Кавадарци, практично низ целата земја. Вклучени сме и во големи проекти, логистички центри, а во моментов најголема заедничка инвестиција ни е здравствената бања Цар Самуил во Банско, Струмица. Верувам дека за година, две ќе стане една од најдобрите инвестиции за здравствениот туризам во Македонија.
На настанот присуствуваа и се обратија 40-тина експертски говорници и модератори.
Панел дискусиите обработуваа диверзифицирани теми за коишто е потребна конкретна дискусија токму од оние со највисоко ниво на експертиза.