ELENA LUKA HOME: Осветување на камен темелник на објектот Connect 5+

9 февруари 2023

За етаблираната градежна компанија ELENA LUKA HOME, вчера беше посебно значаен ден: беа осветени темелите на нивниот објект Connect 5+ лоциран на ул. Венијамин Мачуковски во населбата Аеродром.

„Дозволете да Ве информираме дека на вчерашен ден се случи осветувањето на камен темелникот на нашиот нов објект Connect 5+, кој се наоѓа на ул. Венијамин Мачуковски во населбата Аеродром. Преку овие фотографии и веселите лица на нашиот тим, Ви пренесуваме дел од амбиентот. Нека е со среќа!", велат од компанијата.

Повеќе фотографии од осветувањето на камен темелникот, на овој линк.

За Connect 5+...

Сместен на исклучителна локација покрај транспортниот центар, Connect 5+ опфаќа 100-тина модерни станбени единици со различни структури, од еднособни до четирисобни.

Како одговор на комплексноста на животот во метрополата и задоволување на Вашите вредности, Elena Luka Home ви го претставува Connect 5+ на идеална локација во градот, која е спој на историјата и иднината, на старото и ново Скопје, на традицијата и архитектурата, со отворена панорама на метрополата, со поставеност за постојана циркулација на воздух во текот на целата година – ружа на ветрови – единствено место за живот кој фантазијата ја претвора во реалност.

Во современиот свет, кога технологијата доминира во секој аспект на нашите животи, природата и понатаму е неприкосновен водич и творец на сè што нè опкружува. Човекот има потреба сè повеќе да ѝ се враќа на природата, нејзината убавина и магија. Со таа мисла и беше создаден Cоnnect 5+.

Повеќе за Connect 5+ на овој линк.

Објавено:
9 февруари 2023
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
454 пати