Пролет во домот дури и во есен?
Да, евој ефект во уредувањето на ентериерот може лесно да го постигнете со декоративни тапети со флорални дезени.
Генерално, тапетите се вратија како голем хит во ентериерниот дизајн пред неколку сезони, а оваа -цветните мотиви се истакнуваат како најатрактивни.
Интересно е што со модерните трендови во внатрешното уредување, флорални тапети се поставуваат и на ѕидовите во таолетите и бањите, е совршено може да се адаптираат во дневниот престој, спалната и детската соба.
Доколку сте љубители на еклектиката, тогаш цветните тапети се супер опција за комбинирање со други дезени, текстури и мебел во различни стилови.
Ако сепак преферирате посмирен амбиент, секогап ви е на располагање опцијата на тапети во земјени, суптилни тонови што ќе придонесат за хармоничен домашен амбиент.
Фото: Пинтерест