Кога зборуваме за топлина во домот...

10 октомври 2023

Ако нешто навистина ни треба во домот тоа е топлина во секоја смисла на зборот.

Топлината која ја прават луѓето, а ентериерот нежно ја дополнува.

Иако есента знае да биде студена, сепак боите што ја одбележуваат не греат.

Токму такви топли нијанси заедно со мала игра на светлина го прават домот на дизајнерката Теодора прекрасно место.

Теодора Mелник покрај тоа што одлично уредува ентериери таа и фотографира создавајќи мали ремек дела од топлите катчиња во нејзиниот дом.

Голем број на дрвени елементи, силни есенски бои, билки, цвеќе сето тоа дополнето со винтиџ и бохо декорации и мебел.

Тоа е топлината што му треба на секој дом.

Објавено:
10 октомври 2023
Категорија: 
Архитектура