Доколку патот ве однесе во Париз и имета желба да отпатувате за момент во минато, ви предложуваме да го посетите ресторанот Le Train Bleu кој е еден од најдобрите во Европа.
Изграден е во далечната 1901 година, а во 1972 е прогласен за историски споменик на градот.
Самото негово име доаѓа од истомениот воз којшто во минатото ги носел имотните патници од и до железничката станица Gare de Lyon, една од најпрометните во Париз.
Токму тука никнал овој луксузен ресторан којшто и ден денес ја има задржано истата софистицираност како и пред 100 години.
Многу познати личности како Салвадор Дали, Брижит Бардо и Коко Шанел биле редовни гости во Le Train Bleu.
Неговиот уникатен дизајн како и богатата гастрономска понуда биле причината што Коко го ставила на листата омилени места.
Од подот па сè до плафонот ресторанот е украсен со златни детали, а уште поголема доза на луксуз внесуваат и кристалните лустери.
Ѕидовите се богати со фрески насликани од 40-тина познати уменици од почетокот на 20-от век.
Ресторанот е отворен секој ден од 11:15 до 14:30 за ручек и од 19 до 22:30 за вечера.
View this post on Instagram
Фото: Le Train Bleu, Instagram