Празничната сезона е пред нас, а во некои метрополи веќе на големо се чувствува и гледа.
Секоја година празничниот декор нè расположува, па колку и да не ни е погоден денот, сакаме да погледнеме убаво украсени ентериери, дворови и плоштади.
Еден таков е и ресторанот Daphne's којшто се наоѓа во Јужен Кенсингтон, Лондон и секоја година мами воздишки со декорациите.
Тука едноставно не можете да останете рамнодушни, а магијата на празниците е пуштена на најјако.
Ресторанот нуди одлична италијанска храна, од предјадења, па сè до десерти.
Рачно изработени тестенини, разни видови на рижото, свежа морска храна, специјалитети од месо и вкусен сладолед што се подготвува секојдневно.
Менито се менува во согласност со годишните времиња, а со тоа и декорациите.
Ресторанот го отсликува карактерот на наговиот основач, директорката по глума Дафни Рај, жената која го открила легендарниот актер Ричард Бартон.
Daphne's е отворен во 1964 и оттогаш важи за место што послужува врвни италијански јадења и нуди прекрасна атмосфера.
Фото: Instargram