Стан што го дефинира сканди минимализмот

9 мај 2023

Доминација на белата боја и светлото дрво се двата појдовни елементи на кои што се темели овој стан што го дефинира сканди минимализмот.

Доволно е само еден поглед на совршено уреден дом во ваков стил за да разбереме зошто на многумина токму оваа естетика им е омилена за организирање на ентериерот.

Сопственичката на овој стан, што се наоѓа во Копенхаген, е Пернил Баструп, креаторка на дигитални содржини.

Од она што може да се забележи на фотографиите е дека домот го карактеризаираат дрвени полици во светли тонови, бели ѕидови и мебел со рамни и едноставни линии.

Низ овие помалку остри елементи се проткајуваат нијанси на сива, зелена и крем боја.

Спалната, трпезаријата и дневната се одделени со врати што следат иста линија и токму поради тоа целиот простор изгледа поголем.

Одредени детали во просторот коишто малку го разигруваат домот се нежната, пастелно сина боја во детската соба, галеријата на фотографии, постерите во дневната соба и плетените украси.

Објавено:
9 мај 2023
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
479 пати