Оваа година ништо не е вообичаено, па зошто би биле и венчаниците :)? Веќе неколку пати зборувавме за променетите планови и презакажаните свадби, па ако сте во таа група, можеби овој текст ќе ви биде инспирација повеќе.
Понекогаш сосема едноставен фустан може да биде совршената креација за пригодата, особено во ова време на пандемија, каде гламурот е ставен сосема на страна.
Едноставни кроеви, кратки фустани, фустани во боја или со детали во боја, се само дел од оние што можат да бидат достојна замена за класичните венчаници.
Доколку ви недостасува идеја или уште не сте сигурни за каков изглед да се одлучите, а ве очекува церемонија во матично или скромно одбележување на стапувањето во брак.
Во продолжение погледнете ја галеријата од 40 фустани, кои обединуваат различни стилови и модни изрази.