6 најголеми трендови од есенски венчаници за 2014-та година

3 февруари 2014

Каролина Херера, Моник Лулиер, Џени Пекам, Марчеса, Вера Ванг, се само некои од дизајнерските имиња и брендови,  од чии креации на венчаници ги издвојуваме трендовите што доаѓаат во фокус за есен 2014 година. Секако, оваа информација ќе ве интересира доколку ја подготвувате вашата венчавка во тој период, но се разбира за фустанот секогаш треба да се одлучи порано. Затоа, ние сме тука да ги решиме вашите дилеми, за полесно да го одберете фустанот од соништата. Ако сакате да бидете во тренд со венчалните фустани од писта, во продолжение ви ги претставуваме 6-те најзначајни трендови за венчаници.

Кратки модели

Мини и миди моделите на венчаници се на врвот на актуелноста. Ваквите креации доста еволуираа, за сега спектарот на избор да биде огромен, па така се зависи од вашиот вкус. Секако треба да имате на ум, дека овој модел прилега само на одредена конституција на телото.

Покриени рамена

Ова не значи дека се исклучуваат оние откриените со корсетиран топ, трендот се однесува на нежните и романтични палта, марами и болера за вашите рамена. Во наши услови, токму ваквите нови модерни наметки ќе ви послужат за церемонијата во црква.

Пердувести венчаници

Аплицираните пердуви ќе преовладуваат и кај венчаниците. Изгледаат романтично и сензуално, па доколку сакате да внесете малку драматичност од изгледот, слободно одлучете се за пердувеста венчаница.

Размислувајте розово

Можеби сте скептични во врска со овој тренд, но ровите нијанси на венчаници исто така ќе бидат ин. Ако токму оваа боја ви е омилена, не двоумете се да ја носите и на големиот ден.

Ружи

Цветовите од ружи исто така се во листата на најактуелни трендови. Ваквите детали дизајнерите најчесто ги аплицираат на волуменозни креации, но нивната примена не е исклучена и во класичните, сирена и кратките модели на венчаници.

Ракави од тантела

Од пред неколку сезони, актуелни станаа венчаниците со долги и ¾ ракави. Сега тие ракави ќе бидат најмодерни ако се изработени од тантела. Од оние со должина до дланките или пак 3/4 , изработени од транспарентен дел со вметната тантела, прават една невеста да изгледа невино, романтично и елегантно.

 

 

Објавено:
3 февруари 2014
Категорија: 
Бела соба