Ексклузивно – Март месец на венчаници во ЕЛЕНА ЛУКА
Во пресрет на сезоната на свадбени свечености, во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА идните невести ќе ги пречека вистинска фантазија.
Венчаниците на ЕЛЕНА ЛУКА се олицетворение на раскош каков што секоја невеста заслужува на својот посебен ден, надополнет со атрактивната естетика на актуелните тенденции.
Идните невести во ЕЛЕНА ЛУКА секогаш ќе пронајдат богат избор на модели кои се неповторливи во својот дизајн и уникатни во својата индивидуалност, со луксузот како заеднички предзнак. Така ЕЛЕНА ЛУКА создава венчаници кои имаат непроценлива вредност во спомените на секоја невеста и токму тоа е магијата што ја издвојува од останатите.
Од брендот најавуваат и специјални промоции во текот на март: Со секој склучен договор за венчаница овој месец, добивате и 30% попуст. Покрај тоа, март ќе биде и месец на 20% попуст на уникатни венчаници од претходните колекции на ЕЛЕНА ЛУКА и 10% попуст на сите изложени венчални фустани во ателјето на модната куќа.
ЕЛЕНА ЛУКА издвојува ТОП 5 најпопуларни модели на венчаници, кои ќе ја одбележат свадбената мода и ќе ѝ дадат една посебна нота на сензуалност, а притоа ќе бидат совршено надополнување на свадбената приказна.
Романтични венчаници во „сирена крој"
Безвременски во својата атрактивност, венчаниците во популарно наречениот „сирена крој" се модел кој идеално ја потенцира женската силуета. Токму затоа секогаш се меѓу фаворитите кај современите невести кои женственоста ја ставаат како приоритет, при изборот на совршениот венчален фустан. ЕЛЕНА ЛУКА нивната елеганција секогаш ја збогатува со раскошни детали и луксузна тантела, на што се препишува и авангардната нота како водечка референца во нивната естетика.
Венчаници со мини или миди должина
Во потребата да се биде уникатна и навистина посебна, сѐ почесто невестите се одлучуваат за венчаници со мини или миди должина. ЕЛЕНА ЛУКА уште од самите почетоци, особено внимание посветува на неконвенционалниот невестински изглед, па воопшто не е невообичаено што нејзината бескрајно инвентивна палета на невестински фустани, е збогатена со фантастичен избор на венчаници со должина над или до колена. Притоа, нивниот дизајн може да варира од едноставни и минималистички во сведен крој до бајковити и волуменозни потенцирани со рачно дизајнирани детали, за похрабите невести.
Венчаници со нагласен V израз
Венчаниците со длабоко V деколте важат за актуелен тренд неколку сезони наназад, а нивната атрактивност ќе се задржи и оваа сезона. Кај невестите со помали гради, V деколтето може да добие уште поизразен отвор, стилизиран во комбинација со луксузна тантела или ефективни плисирани детали. Овој тип на венчаници во новата венчална линија на ЕЛЕНА ЛУКА добиваат богата стилска завршница, во комбинација со лелеави здолништа и потенциран струк, како и такви изработени од ексклузивни материјали со дискретен сјај.
Вечаници во „принцеза" стил
Уште еден тип од оние венчаници кои никогаш не губат од својата популарност. Венчаниците во „принцеза" стил кои се карактеризираат најчесто со волумензоно здолниште, нагласен струк и корсетиран горен дел се директно олицетворение на невестински луксуз и гламур. Впечатливи, авангардни и ултра ексклузивни, овои модели на ЕЛЕНА ЛУКА венчаници се секогаш избор на смели невести кои сакаат да остават незаборавен печат со својот невестински изглед.
Елегантни венчаници
Ако зборуваме за безвременска естетика, тогаш тука елеганцијата го има приматот. Венчални фустани кај кои тенденциите и временските рамки немаат никаква улога. Вечно актуелни и омилени кај невестите кои и во својот личен стил практикуваат елегантен изглед. ЕЛЕНА ЛУКА на безвременската елеганција секогаш додава еден неповторлив шарм на сензуалност со внимателно одбраните детали и рачните доработки, кои со себе ја носат препознатливата естетика на брендот.
Совет плус: Не заборавајте дека магијата е во деталите. Во актуелната венчална колекција на ЕЛЕНА ЛУКА посебен акцент е ставен на деталите кои го комплетираат невестинскиот изглед, па брендот за идните невести дизајнираше и ексклузивни мини чанти, накит за во коса, како и бајковити модели на велови.