Сите оние девојки кои сѐ уште не ја одбрале совршената венчаница во која ќе го кажат судбоносното „да“ оваа година, ќе можат истото да го сторат на претстојниот „The Bridal Fashion Night“ на 29 – ти јануари во хотелот Александар Палас.
Настанот се одржува по втор пат во организација на Моден викенд Скопје, а на истиот сите заинтересирани ќе можат да ги погледнат ревиите од најновите колекции на Lidiya Georgieva & Zili, Elisabeth design studio, Atelier Maria Antoinette, ателје Ал Апарел, Emili exclusive design и модната куќа Менакон од Косово.
Покрај венчаници, на пистата ќе може да се видат и уникатни вечерни фустани. Сите оние кои сакаат да ги погледнат ревиите, ќе треба да се пријават на официјалната Фејсбук страница на Fashion Weekend Skopje , со име презиме, возраст и период на одржување на венчавката.
Манифестацијата „The Bridal Fashion Night“ за прв пат се одржа минатата година на 14 – ти феврурари и истиот предизвика големо внимание кај невестите. Тогаш се претставија вкупно шест модни брендови кои понудија венчаници за сечиј вкус.
Доколку сѐ уште се двоумите за венчаницата од соништата и за сето останато што ја прави свадбата совршена, тогаш „The Bridal Fashion Night“ е дефинитивно настанот на кој мора да бидете.