Далматинска романса: Нова колекција венчаници со потпис на eNVy Room

29 април 2014

Романтичната приказна низ која не води новата eNVy Room кампања се одвива во минатото, а е сместена во прекрасната Далмација.

Магичните далматински места како Св.Филип и Јаков, Биоград на море, Врана и Вранското езеро за миг станаа место каде се случи најубавата љубовна приказна на прекрасна млада двојка.

Гламурозната девојка низ приказната ги прикажува најновите венчаници од последната, одлична колекција на хрватскиот бренд.

Магичните венчаници се неверојатно носливи и практични со многу тантела, висококвалитетен тул, како и многу нежни додатоци.

Истите ја слават женственоста и нежната женска фигура и сензуалност, а во богатата понуда на невестински фустани можат да се пронајдат сите девојки.

„Сакавме да претставиме една невеста низ историјата на богатата далматинска традиција и да прикажеме прекрасна млада двојка љубовници од некое минато време. Црно – белите фотографии го акцентираа историскиот момент на кампањата, додека бајковитиот изглед на сценографијата дополнително ги нагласи белите нежни венчаници“, велат дизајнерите од eNVy Room.

Објавено:
29 април 2014
Категорија: 
Бела соба