Ниските кафеави балетанки, оние сандали кои Меган Маркл ги носеше на кралската турнеја во Австралија и фантастичните темно-зелени чизми: Сите се дело на една дизајнерка на чевли. Нејзиното име е Сара Флинт и таа стои зад некои од најубавите избори на обувки на Војвотката од Сасекс.
View this post on Instagram
Дизајнерката го кажа судбоносното „да“ во, а нејзин избраник е банкарот Шон Бересини. Церемонијата, која требаше да се одржи уште во јуни минатата година беше одложена поради ситуацијата. Но, двојката се одлучи да го стори подоцна, со DIY забава на имот во Мериленд.
И додека многу девојчиња сонуваат за својот невестински фустан, како дизајнерка на чевли, за Сара исклучително важен беше токму дизајнот на невестинските чевли.
View this post on Instagram
Инспирацијата за овие таканаречени Паркер чевли била оригиналната тематика на венчавката, селските области на Англија.
„Додека работев на дизајнот, знаев дека сакам чевлите да бидат многу романтични, да го имаат она винтиџ чувство, но и да се супер удобни за да можат моите стопала да се чувствуваат пријатно во нив,“ вели невестата.
Чевлите имаат Д’Oрсеј потпетица во бел сатен. Горниот дел кај прстите е обложен со мрежа со бели точки и рачно-изработени кожни цветови по целата должина на заоблениот лак. Оригинално, ова би требало да биде единствен ваков пар, но Флинт вели дека штом пристигнале чевлите во канцеларијата и сите девојки се заљубиле во нив, едноставно морала да ги направи достапни и за други невести.
Флинт се омажи во невестински фустан, креација на Рим Акра.