Елена Лука советува: Романтични венчаници за модерни принцези

14 септември 2016

Одредени стилови на венчаници важат за вечна класика и за нив не постои сезона, па доколку се соодветни на вашиот сензибилитет и телесната конституција, тогаш се непогрешен избор.

Меѓу таквите се и романтичните венчаници. Речиси и да не постои невеста која може да им одолее, па затоа токму венчаниците во романтичен стил се помеѓу најбараните.

Ова ни го потврдија и од нашата модна куќа Елена Лука, која е препознатлива по изработката на уникатни, бајковити романтични венчаници.

„На првата средба со идните невести – наши клиентки, секогаш ги советуваме при изборот на стилот на венчаницата да се водат од нивниот личен сензибилитет. Кога стилот на венчалниот фустан е прилагоден на нивниот карактер и идентитет, тогаш имаме совршени резултати", велат од Елена Лука.

Романтичните венчаници најчесто се изработени од лесни, лелеави и меки материјали, украсени со раскошни детали, а исто така е присутна играта со различни нијанси и бои. Најчесто покрај бисерно белата, при дизајнирањето на овој тип на венчаници, Елена Лука користи тонска карта со нежни бои која вклучува и нијанси на светло розова, сина, сребрена и златна боја.

„Честопати романтичните венчаници ги украсуваме со композиции од рачно изработени детали, а особено се актуелни цветовите", додаваат од Елена Лука и потенцираат дека исклучително е значаен и изборот на тантелата (доколку се разбира е имплементирана во дизајнот) од која многу зависи крајниот изглед на венчаницата.

Венчаници во романтичен стил Елена Лука креираше и во новата колекција, со што ја продолжи традицијата од претходните линии на венчаници каде секогаш е застапен овој стилски правец. Во продолжение направивме ретроспектива на впечатливи венчаници со романтична нота со потписот на Елена Лука.

Објавено:
14 септември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.607 пати