Ели Сааб создаде колекција венчаници за Проновијас по терк за венчавки од бајките

29 септември 2014

Дури и вашата венчавка да поминала или пак наскоро го очекувате најголемиот момент од животот, сигурно нема да им одолеете на најновите модели венчаници дизајнирани од либанскиот дизајнер Ели Сааб, специјално за шпанскиот бренд Проновијас. Колекцијата е наменета за следната пролетна сезона од 2015 година а вклучува гламурозни венчаници во традиционални форми, кристални декорации и богати впечатливи цветни апликации.

 

Несомнено е дека дизајнерот создал синергија меѓу материјалите, воден по потребата на невестите кои сакаат да изгледаат како принцези од бајка. Иако традизионалните силуети се во главниот фокус, Сааб не заборави да ги вметне сите трендовски детали што ги овожава речиси секоја невеста, како отворениот гол грб, тантелните ракави, длабоките деколтеа и волуменозноста од долниот дел на венчаниците.

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Бела соба