Еден од омилените дизајнери на сите времиња во чии креации девојките одново се вљубуваат, има нова совршена бела колекција.

Талентираниот Ели Сааб повторно создаде вистинска магија во неговото ателје за сите идни невести кои се обожавателки на нешто раскошно и уникатно.

Иако познат по магичните фустани за на црвен килим, секогаш украсени со блескави апликации, овој пат тој покажа дека е подеднакво успешен и кога создава венчаници.

Како и секогаш, тој ги одбра најубавите и најквалитетни материјали на светот за да креира модели од совршена тантела, нежна свила, а секако, повторно си поигрува со кроевите по кои е и познат.

Колекцијата може да се опише како бескрајно романтична, но и со модерни модели за оние невести кои не се обожавателки на нежниот стил.

Покрај оние тантелните украсени со кристали и разни апликации, дизајнерот прикажа и секси венчаници со длабок шлиц и деколте, а речиси сите модели се надополнети со раскошни велови и цветови.

За сите оние кои обожуваат отворено деколте или гол грб, дизајнерот повторно се потруди да го добијат најдоброто, па така понуди и модели со украсен отворен грб и нежно деколте суптилно покриено со вел од тул.

Во колекцијата ќе најдете и украси за коса, велови и нежни венчиња, а сето тоа го гледате во галеријата погоре.

Објавено:
27 октомври 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.818 пати