Есенската колекција венчаници на Зухаир Мурад во служба на женственоста

11 април 2023

Зухаир Мурад умее да го обликува невестинскиот фустан на еден префинет начин, давајќи му елеганција, стил и максимална женственост.

Сензуалност и беспрекорна естетика, кои што потсетуваат на нежна самовила, обвиткана во бела магија.

Линијата на телото е ставена во фокус, а деликатниот вез уште повеќе ја нагласува убавината на силуетата.

Корсети, голи рамена и волумен, наспроти проѕирна тантела, свила и богат тул, детали доведени до совршенство, некаде на границата помеѓу сонот и јавето.

 

Фото: Zuhair Murad

Објавено:
11 април 2023
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.431 пати