Гламурозните свадби на првите ќерки...

16 февруари 2015

Додека Американците се во исчекување на свадбата на некоја од ќерките на претседателот Барак Обама за што сѐ уште има време, се потсетуваме на некои од спектакуларните што досега веќе се случија.

Една од најозборуваните свадби дефинитивно беше онаа на ќерката на Џорџ Буш, Џена која во 2008 – та година се омажи со Хенри Хегер на нивниот имот во Крафорд, Тексас. Таа, за разлика од ќерките на претседателот Линдон Џонсон и Никсон кои своите ќерки ги омажија во Белата Куќа, одбра малку поедноставна венчавка на нивниот приватен имот.

Две години подоцна, односно во 2010 – тата година, Америка со нетрпение ја дочека свадбата на Челзи Клинтон и нејзиниот избраник Марк Мезвински која всушност и последна ги израдува американските граѓани.

Во продолжение, да се потсетиме на некои од најфамозните свадби на првите американски ќерки, како замена за оние раскошните, кралски британски венчавки.

Алис Ли Рузвелт – 17 – ти февруари, 1906

alice-lee-roosevelt

Бунтовната ќерка на Теодор Рузвелт Алис, која била позната во претседателските кругови како девојка што обожувала да прави недозволени работи, се омажила на 22 – годишна возраст за конгресменот Николас Лонгворт. Таа на свадбата немала ниту една деверуша, бидејќи сакала целото внимание да биде насочено кон неа.

Луси Џонсон, август 1966

Luci Johnson — August 6, 1966

Слична на неа била и ќерката на претседателот Линдон Џонсон, Луси која се омажила на 19 години со 23 годишно момче кое не било на нејзино рамниште. Во тоа време, девојките се венчавале со постари мажи, добро ситуирани и со светла иднина. Во 1979 година, таа го поништила бракот, а во 1984 – тата година, се премажила.

Линда Брд Џонсон, декември 1967

Lynda Bird Johnson — Dec. 9, 1967

Нешто помалку од една година откако се омажи нејзината сестра, Линда Брд Џонсон се омажи со капетанот Чак Роб во интимна атмосфера во Белата куќа. Нешто подоцна, нејзиниот сопруг станал и гувернер на Вирџинија.

Џули Никсон декември, 1968

Julie Nixon — Dec. 22, 1968

Вереникот на ќерката на Никсон, Дејвид Ајзенхауер бил многу добро прифатен во семејството на претседателската ќерка. Кратко откако Ричард Никсон бил избран за претседател на САД, тој ја побарал Џули за жена.

Триша Никсон, јуни 1971

Другата ќерка на Никсон, се омажила три години подоцна во слична атмосфера во Белата куќа со студент по правни науки, а особено интересно било тоа што на свадбата присуствувала и Алис Ли Рузвелт која се омажила на истото место, 65 години претходно.

Ејми Картер, септември 1996

Amy Carter — Sept. 1, 1996

Ќерката на американскиот претседател Џими Картер, е можеби невестата со најмалку барања во светот. Покрај тоа што таа изгледала неверојатно скромно на нејзината венчавка, таа дури си ја направила и тортата сама. Едноставната и скромна венчавка на Ејми се случила во нивниот дом.

Каролин Кенеди, јули 1986

poznati-kerki-svadbi

Единствената Џеки Кенеди ја испланирала целата свадба на нејзината ќерка и како што и се очекувало, истата изгледала како од бајките. Каролин, во тоа време 28, се омажила со 41 – годишниот Едвин Артур Шлосберг со кој сѐ уште е во брак и денеска.

Џена Буш, мај 2008

jenna bush 2008

Слатката ќерка на американскиот претседател Џорџ Буш, Џена, ја заобиколи Белата куќа и реши свадбата да ја направи на отворено и погламурозно место. Претседателот Буш во тоа време изјави дека тоа било вистински благослов!

Челзи Клинтон, јули 2010

Ќерката на Бил и Хилари Клинтон изгледаше прекрасно во нејзината Вера Ванг венчаница кога му го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот избраник Марк Мезвински. Особен впечаток на нејзината венчавка оставил говорот на нејзиниот татко Бил, за кои многумина ќе кажат дека бил неверојатно емотивен.

chelsea clinton 2010

Објавено:
16 февруари 2015
Категорија: 
Бела соба