Голем попуст на венчаниците во Елена Лука

10 јануари 2015

Доколку годинава во вашиот календар е запишан оној датум кој ќе остави траен печат во вашиот живот, планирате да стапите во брак, тогаш време е да ја осмислите целата организација околу венчавката.

Најзначајниот момент од целата церемонија, барем за невестата, секако е ванчалниот фустан. Затоа топло ви препорачуваме навреме да ги разгледате сите опции во однос на онаа венчаница која идеално ќе се вклопи во вашата приказна.

Доколку рационално размислувате, ова е совршен период да ја одберете венчаницата со оглед на тоа што во моментов се актуелни и големите празнични попусти.

Модниот бренд Елена Лука за сите идни невести кои токму сега се во слатки дилеми околу изборот на совршената венчаница, понуди голем попуст до 50%  на своите уникатни венчални фустани.

 

Големиот избор на венчаници со потписот на македонскиот моден бренд вклучува идеална варијанта прилагодена на автентичниот карактер на секоја невеста: од класични и елегантни венчаници со чиста линија, до екстравагантни венчални фустани со богата рачна изработка на детали и везови.

 

Комплетната слика ќе ја добиете во бајковитото ателје на Елена Лука специјализирано за венчаници, лоцирано во скопската населба Капиштец.

 

Објавено:
10 јануари 2015
Категорија: 
Бела соба