Пејачката Лили Ален пред неколку дена се омажи за својот партнер Дејвид Харбор. Венчавката се случи во Лас Вегас, а убавата бринета за пригодата одбра елегантен краток фустан од модната куќа „Диор“ во комбинација со долг вел и црни чевли на потпетица.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Неконвенционален изглед, кој неа одлично ѝ прилега и кој зрачи со елеганција.
View this post on Instagram
Но, Лили не е единствената позната личност која се одлучила да изговори „ДА“ во кратка венчаница.
Синди Крафорд имаше лежерен сатенски фустан на прерамки и со тантела на нејзината венчавка на плажа, креација на Џон Галијано.
View this post on Instagram
Ракел Велч на својата венчавка во 1967 ги изненади сите кога се појави во мини-венчаница од транспаретна тантела.
И Кира Најтли е меѓу оние кои носеле кратка венчаница. Се работи за „Шанел“ фустан кој го имала и претходно.
View this post on Instagram
Ања Рубик, Одри Хепберн, Шерон Тејт исто така покажаа модна храброст.
View this post on Instagram
Неодамна и авторката Ксенија Николова одлучи за свадбената церемонија да носи кратка венчаница. Се работи за романтичен фустан од тантела, кој за неа го изработи модната куќа „Елена Лука“.
Со оглед на тоа дека многу од двојките ги одложија своите планови за свадба, кратката венчаница може да биде одличен избор и за во матично или за скромни прослави. Секако, таа може да биде супер избор и за голема прослава, доколку преферирате неконвенционален и впечатлив моден израз.
Во продолжение ви презентираме уште неколку примери кои може да бидат совршена инспирација: