Рита Ора и нејзиниот избраник Таика Ваитити стапија во брак пред една година, но тогаш јавноста не беше почестена со фотографии или подетални информации за венчавката.
Поп ѕвездата и Ваитити кој е сценарист и продуцент од Нов Зеланд прв пат се запознаа во 2018-та, кога група пријатели се собрале во домот на Таика на скара.
Сепак врската ја започнуваат три години подоцна, кога и двајцата имале снимање во Австралија.
Она што е интересно е дека Рита била таа која му предложила брак додека биле на одмор, на што Ваитити веднаш одговорил потврдно.
Свадбата се случила само две недели потоа, на 4-ти август, којашто парот решил да ја направи само со најблизок круг на пријатели во Лос Анџелес.
Како што вели пејачката биле вкупно осум луѓе заедно со родителите коишто присуствувале преку Zoom повик.
Ора и Таика со мала помош од сестрата на Рита, Елена, за рекордно време организирале сè.
Ѕвездата, 32, носеше венчаница од нејзиниот пријател и омилен дизајнер Том Форд. За накит го одбра истиот бисерен ѓердан што мајка ѝ го носела на нејзината венчавка.
За вечерата невестата го облече вториот фустан од дизајнерот, којшто имаше длабоко деколте и карнери, а за крајот нa вечерта смени и трет стајлинг, кој вклучуваше кошула и панталони.
Фото: Vogue.it