Како се создаваше венчаницата за Хајли Бибер?

4 ноември 2019

Кон почетокот на минатиот месец, познатата двојка Хејли Болдвин и Џастин Бибер ја прославија својата љубов со пријатлите и семејствата. 

Моделот носеше венчаница од брендот „Off - White“, односно дизајнерот Вирџил Абло. 

Романтичниот фустан, кој ја следи линијата на нејзиното тело, во горниот дел е корсет и е украсен со 3Д апликации. Рамениците се голи, со што се нагласува женственоста и мала доза сексапил, додека ракавите се долги и исто така од тантела.

Месец дена подоцна, „Вог“ ја објави видео од последната проба на моделот, во кое се откриваат и деталите на венчаницата и процесот како е создавана.

Како што вели тимот, само за велот на кој има извезено „Додека смртта не не' раздели“ работеле 10 луѓе, а уште толку и за фустанот.

Во продолжение погледнете го видеото:

 

Објавено:
4 ноември 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
825 пати