Кратката венчаница е одлична опција за летна венчавка
•
26 март 2021
Пандемијата си го направи своето. Во недостиг на свадби, принцеза-венчаниците се заменија со елегантни сирена, долги фустани кои ја задржуваат формата и минимализмот во голема мера игра улога.
За оние похрабрите, еве уште една идеја за размислување - кратките фустани се одличен избор за венчаница, особено ако немате голема, класична свадба.
Може да се одлучите за коктел фустан со должина под колениците, со А-крој или молив-крој.
Одлична опција се и мини фустаните, каде акцентот е ставен на интересниот материјал или вез.
А секогаш можете да се одлучите и за напред краток, а позади долг фустан. Сепак, трендовите од 90-те се потполно ин.