Енцо Мичо ја презентираше својата прва колекција на чевли за невести. Креирани во соработка со групацијата „Nicole Fashion Group“, луксузната линија која вклучува 13 дизајнирани модели се вистинско ремек дело на Мичо.
Инаку, дизајнерот ужива голема слава во Италија бидејќи претходно работел како организатор за венчавки и неговите „свадбени мисии“ секогаш биле одлично сработени. Инспириран од своето искуство и познавајќи ги добро потребите и желбите на невестите Мичо одлучува да дизајнира колекција луксузни обувки кои секоја идна невеста буквално ќе ги обожава.
Кај моделите доминираат сјајната бела боја и нијансите на слонова коска. За изработка на чевлите користени се најквалитетни тантелни материјали во комбинација со сатен од кој се изработени невообичаените панделки кои се аплицирани на врвот на чевлите. Она што е го привлекува вниманието е фактот дека Енцо Мичо чевлите ги дизајнирал рачно. Идни невести кој е вашиот фаворит.