Мали трикови на големите дизајнери на венчаници

25 август 2014

Како што во секојдневните комбинации постојат некои нови трендови што се присутни по неколку сезони, така е и меѓу трендовите за венчаници. Овие мали совети се инспирирани од неколку модни недели во Њујорк, што значи дека светски познатите дизајнери имаат мултиплицирани правила кога се во прашање венчаниците. Сезоната на венчавки уште е во полн ек, па’ веруваме дека преку оваа содржина ќе помогнеме околу изборот на фустан за Вашиот најубав ден во животот.

Заборавете на велот

Точно е дека велот е традиционално парче, но не и практично, а покрај толку многу украси за коса време е да ја промените традицијата. Навратете се во 20-тите и венчаниците од оваа декада нека Ви послужат како инспирација. Наместо вел кој ќе го сокрие лицето изберете парче накит за коса кој ќе го открие.

Црно и бело

Направете избор од кој венчаницата ќе стане незаборавна. Бидете поразлична и носете таква во комбинација од црна и бела боја, макар црната да биде застапена само во појасот. Овој тренд најпрва го претстави Вера Ванг, а другите дизајнери само ја следеа. Така ќе ја испочитувате традицијата, но ќе и дадете модерен печат.

Побарајте ефтина венчаница

Доколку не сакате да потрошите многу пари за венчаница, веќе одамна можете и да изнајмите. Меѓутоа, на пазарот постојат многу брендови што нудат и поефтини цени за едноставни и минималистички венчаници во кои ќе уживате во комфорот, но ќе можете да ги носите и по венчавката.

Дводелни венчаници

Оливија Палермо избра токму ваква дводелна венчаница и навистина изгледаше неодоливо. Ова е одлично решение за едноставност и практичност. Кратките топови се имплементираат активно од венчалните изгледи на невестите што преферираат стилска индивидуалност. Сигурно е дека и двата дела ќе ги користите повторно.

Ракави од тантела

Ракавите од тантела не се новитет, а со нив ќе го заживеете стариот гламур на Холивуд. Романтични и нежни ракави од тантела се погодни за секој период од годината, а ќе придонесат за елеганција и грациозност. Сепак, треба да знаете дека може а побарате венчаницата да биде направена така што ракавите ќе може да ги извадите во текот на свеченоста.

Убавината е во деталите

Романтиката не завршува со тантелните ракави. Сега кога го решивме велот, време е да покажеме малку кожа. Затоа се тука преубавите и нежни деликатни детали на грбот. Тие говорат се, така што нема потреба да се натрупате со дополнителен накит.

Објавено:
25 август 2014
Категорија: 
Бела соба