Министерка носеше венчаница на отворањето на Саемот за венчавки

13 март 2015

Во хотелот „Александар Палас“ вечерва со модна ревија беше отворен петтиот по ред Саем за венчавки, во организација на интернет магазинот „Во бело“.

На ревијата,  венчаниците и свечените  одела кои ги најавуваат новите тендецнии според замислата на учесниците на саемот, наместо манекенки и манекени ги носеа познати личности од различни сфери на јавниот живот.

Еден од највпечатиливите моменти на ревијата што предизвика позитивни реакции кај публиката беше самиот финиш кога во прекрасна, романтична венчаница на престижната модна куќа Елена Лука, се појави актерката Весна Петрушевска која е се' уште актуелна со улогата на министерката Живка во  преставата „Госпоѓа Министерка“.

Венчаницата што таа ја носеше со потписот на Елена Лука е изработена од висококвалитетна свила со минималистички дизајн и е украсена со композиција од кристални камења во горниот дел, додека во долниот дел е изработена во глок варијанта.

Ревијата ја отвори познатата водителка Маријана Станојковска која носеше венчаница во сирена крој на модното ателје Forever. Пејачката Елена Велевска следуваше по неа со венчален фустан со тридимензионален ефект на модното ателје Билиа. На големо изненадување за публиката, во улога на модел можевме да го видиме и пејачот Александар Белов кој носеше свечено одело на етикетата Тивес.

Маријана Станојковска за Форевер Маријана Станојковска во креација на ателје Forever

Пејачката Елена Велевска во венчаница од ателје Билиа Пејачката Елена Велевска во венчаница од ателје Билиа

Александар Белов во костум од Тивес Александар Белов во костум од Тивес

Прекрасната Јана Бурчевска беше вистинска принцеза со цветно венче на главата, во венчаница во популарниот „принцес крој“ на ателјето Пепика. Водителката и модел Ведрана Ѓорѓевиќ продефилира во венчаница на модното ателје Лебед, а познатиот мејка ап артист Александар Билјановски-Дадар носеше одело на брендот за машка облека Signori.

Јана Бурчевска во венчаница на ателје Пепика

Ведрана Ѓорѓевиќ прошета во венчаница на ателје Лебед Ведрана Ѓорѓевиќ прошета во венчаница на ателје Лебед

Александар Билјановски-Дадар носеше одело на брендот за машка облека Сињори Александар Билјановски-Дадар носеше одело на брендот за машка облека Signori

Водителката Ивана Илиевска ја презентираше венчаницата на ателјето MCouture на дизајнерката Мила Кадриу која за оваа прилика одбрала венчаница со волуменозен долен и корсетиран горен дел, украсен со илјадници украсни кристали.  По неа следуваше Софија Каракаева која носеше венчаница во форма на песочен часовник на модното ателје Нена Конели.

Ивана Илиевска во венчаница од МCouture Ивана Илиевска во венчаница од МCouture

Софија Каракаева беше изборот на ателје Софија Каракаева беше изборот на ателје Нена Конели

По завршувањето на ревијата, присутните гости заедно со моделите се упатија во салата каде веќе се поставени штандовите на учесниците на Саемот за венчавки каде овој викенд (14 и 15. Март) сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат со најновите тенденции во целиот процес на организација на свадбената церемемонија.

Објавено:
13 март 2015
Категорија: 
Бела соба