Познатото хрватско дуо, познато под името „eNVy room“ неодамна ја претстави новата кампања за венчални фустани. Љубовта помеѓу Миливој Дежман и актерката Љерка Шарм беше инспирација за кампањата, која се снимала на ѕидините н некогашното еминентно лекувалиште за туберкулоза Брестовац, чија градба ја иницирал токму Џекман, за да и го спаси животот на саканата.
„Фокусот не ни беше стилистички да се врземе за историското време на актерите од таа љубовна приказна. Идејата беше, на љубовнтата приказна да и ставиме нов крај. Тоа го направивме преку венчаницата која го симболизира почетокот на нешто убаво, ново, сигурно. Фотографиите си опонираат една со друга, со контрастот на ден и ноќ, и контрастот на романтична љубовна приказна и мистична легенда за духот на лејди Шарм“, раскажуваат Вељко и Никица.
Кампањата претставува низа нови венчални фустани, кои ја слават женственоста и сензуалноста изработена од висококвалитетни материјали, како тантела и свила, но и ласерски сечена вештачка кожа. Венчаниците главно ја следат линијата на телото или се раскошно набрани во половината. Исто така, има неколку што се со должина под колена, како и оние од плисе.
„Со легендата се спојуваат минатото и сегашноста, во исчекување на иднината. Нешто како времеплов, а фотографиите го овозможуваат токму тоа“, вели фотографот Шиме Ешкиња, кој веќе традиционално ги изработува кампањите на брендот.
Заштитно лице е Ана Марија Цајнер.
Погледнете ја колекцијата во продолжение.