Модерни свадбени фризури со краток вел

5 јуни 2014

Има девојки кои на својот најважен ден во животот - свадбата, не преферираат да изгледаат раскошно носејќи долги велови и невестински фустани во принцес крој. Едноставноста и удобноста се секогаш на  прво место за нив, затоа денес сакаме да им понудиме неколку идеи на идните невести кои сакаат на својата венчавка да изгледаат тренди и модерно.

Краткиот вел е мошне ефективен и впечатлив и привлекува поголемо внимание дури и од класичниот долг вел. Убаво е тоа што доколку ви пречи во текот на вечерта можете да го извадите, а сепак венчето за кое што е зацврстен, да остане на вашата глава со што нема ризик од расипување на фризурата. Ова е одлично решение и за сите невести кои имаат кратки коси и поради тоа, немаат голем избор за фризура.

Уште една добра работа е што ваквите велови порано биле многу популарни и биле дел од имиџот на дамите кои припаѓале на аристократските семејства. Без разлика на тоа што се работи за вашата свадба, обидете се да експериментирате со стилот и да излезете надвор од класиката.

Дали сте доволно храбри за вакво нешто? Погледнете!

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Бела соба