Веќе сите знаеме дека Пинтерест е местото каде што можете да најдете бескрајна инспирација за било која тема, особено кога станува збор за модата.
Покрај мноштвото венчаници кои девојките секојдневно ги споделуваат на нивните профили, една особено се истакна.
Овој прекрасен модел од австралискиот бренд „Grace Loves Lace“ бил пинуван повеќе од 2.5 милиони пати, со што за кратко време стана најпопуларната венчаница на Пинтерест.
Станува збор за елегантен фустан со отворен грб, изработен од висококвалитетна француска тантела со свилени делови кои слободно паѓаат од рамената надолу за вистински изглед на божица.
Фустанот има голем отвор во предниот дел, а под истиот ќе видите тантела која суптилно ги покрива нозете.
Всушност, ова е фустанот од соништата на секоја девојка која сака вакви модели и кој е совршен за венчавки на отворено.
Истиот е неверојатно удобен, па така нема да имате никаков проблем со движењето или играњето на вашата свадба.
Можете да го комбинирате со какви чевли и да посакате, а што се однесува до шминката и фризурата, оставете природниот изглед да зборува за вас, а косата украсете ја единствено со некое цвеќе по ваш избор.
Погледнете ја совршената венчаница за оваа сезона и инспирирајте се!