Пандемијата не' натера да се посветиме на онлајн шопингот за едноставни работи како облека, намирници, па дури и мебел. Зошто не би можеле да ја купите и венчаницата онлајн?
Скоро втора година минува како свадбите се ставени во затишје. Величествените веселби и церемонии со повеќе од 250 луѓе се заменети со екстремно интимни средби. Во последно време, невестите и младоженците ширум светот прават виртуелни венчавки, а некои, кои сепак одлучуваат да прослават дури и ги делат гостите, па прославуваат еднаш во кругот на постарите најблиски членови на семејството, а една церемонија организираат за најблиските пријатели.
View this post on Instagram
Дури и да се одлучите само да кажете да, со идниот сопруг и двајца сведоци, а потоа да си продолжите со секојдневието, треба да облечете нешто и да изгледате убаво.
На што треба да внимавате кога бирате венчаница онлајн?
View this post on Instagram
Ако зделката ви изгледа премногу добра за да биде вистинита, веројатно и е. Експертите советуваат да ги избегнувате оние зделки каде се нудат дизајнерски венчаници за неверојатно ниски цени.
Исто така, избегнувајте ги оние ,,Последни распродажби" бидејќи мала е веројатноста дека такво нешто ќе може да го вратите, и да си најдете соодветна замена.
View this post on Instagram
Задолжително читајте ги коментарите и оценките од другите корисници, консултирајте блогови и Фејсбук групи за онлајн шопинг.
Кога ќе ја проверите релевантноста на страната и ќе го најдете фустанот кој ви се допаѓа, не се задоволувајте само со една фотографија. Посетете го инстаграм профилот на брендот барајќи фотографии од едиторијали и фустанот на модели.
View this post on Instagram
Што се однесува до величината, некои од сајтовите кои продаваат дизајнерски невестински фустани, наведуваат која величина е фустанот на моделот на фотографијата. За да не се малтретирате со претворање на мерки од европски во американски броеви и обратно, најпаметно е да ги измерите пропорциите на сопственото тело - градите, струкот, колковите. Со помош на овие мерки и табелите кои ќе ги сретнете на сајтовите, многу полесно ќе го изберете соодветниот број.
View this post on Instagram
Дури и да се двоумите, секогаш е подобро да порачате малку поголем, отколку помал број. Нарачувајќи помал број, ризикувате да треба да додавате материјал, што е огромен ризик како тоа ќе изгледа на крај.
Ако порачате поголем број, со добар кројач, можете да го извлечете најдоброто од фустанот.
Среќно!