Доколку сте љубител на романтичната и елегантна естетика, тогаш ова е колекцијата што треба да ја погледнете. Брендот и дизајнерот Наим Кан ја претставија колекцијата за пролет 2020 година.
За разлика од некои претходни колекции, во оваа се користат полесни материјали, а тантелата е присутна но не е толку доминантно.
Тешките венчаници во принцез крој се во втор план. Едноставните кроеви или венчаниците со здолништа од тул и тантела се трендот за 2020.
Дизајнерот се потруди во колекцијата да понуди невестински парчиња за невести со различен естетски вкус - затоа од тантелата, преку минималистичкиот пристап, кратки венчаници, пердувите како главен материјал (иако се сретнува и во модните додатоци) до комбинезоните, оваа колекција нависитна обединува различни стилови.
Длабоките V изрази кај деколтето исто така се повторуваат кај повеќето модели, а сето ова заокружено со впечатлив накит.
Во продолжение погледнете ја целата колекција