Новата колекција венчаници на eNVy room ја прикажува моќта на едноставноста

25 јануари 2023

Хрватското модно дуо eNVy room ја претстави својата најнова колекција на невестински фустани, а резултатот е воодушевувачки.

Едноставна елеганција преточена во 30 нови дизајни од кои зрачат иновативност и традиција.

Веќе повеќе од 10 години eNVy room доминираат на хрватскиот пазар кога се во прашање венчаници.

Овој пат колекцијата е поделена на неколку различни стилови кои што ги спојуваат традиционалните силуети и иновативните решенија на креаторите.

Фокусот е ставен во женската фигура, а од деталите доминираат волуменозните ракави, предимензионирани машни и смели шлицови.

За оние кои сакаат да избегаат од конвенционалното, има модели што вклучуваат краток топ и долги волуменозни здолништа, како и асиметрична венчаница од еко пердуви.

Фото: Facebook 

Објавено:
25 јануари 2023
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.070 пати