Раскош и убавина кои никого не оставаат рамнодушен...
Новиот ексклузивен модел на венчаница од актуелната BRIDAL линија на ЕЛЕНА ЛУКА, едноставно импресионира.
Ова е венчаницата која ги остварува соништата на многу невести кои за својот посебен ден се замислуваат во екстравагантна, а истовремено романтична венчаница која плени со својот дизајн и карактерност.
Смела, впечатлива, луксузна – создадена за жени кралици.
Деликатната изработка, волуменозниот крој и отмената тантела со која се дава гламурозен акцент, го прават овој венчален фустан еднаков на уметничко дело.
Секој детаљ има свое место во оваа бајка: рамената се потенцирани со што дизајнот се надоврзува на актуелните тенденции, деколтето е суптилно, струкот е нагласен, а здолништето добива богат волумен што му дава дополнителна авангардна нота на невестинскиот изглед.
Елегантниот вел во чиј дизајн се пресликува дел од луксузната тантела, го комплетира совршениот невестински изглед.
Посетете ги ателјеата на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје и Струмица – таму соништата на невестите стануваат реалност.
Богатиот избор на венчаници може да го погледнете и на онлајн продавницата на брендот www.elenaluka.com.