Венчавката е комплицирано и возбудливо случување, многу е лесно да се „изгубите“ во целата фрка и да се препуштите во убавините на овој ден. Искористете ги овие совети за да уживате во својот ден баш како што сте испланирале.
Наспијте се добро
Планирајте си моминската вечер да ја приредите една недела пред венчавката, за да можете да играте, пиете, да се наспиете и воопшто да не се грижите за ништо. Ако сте премногу уморни пред венчавката нема да можете да ги доживеете сите моменти со полна позитивна енергија.
Одвојте време за најдобрите другарки
Вашите блиски другарки ќе бидат многу емотивни поради фактот дека се мажите. Прегрнете ги сите и објаснете им колку ги сакате. Ако имате време, посветете внимание на секоја посебно.
Не носете секси долна облека на венчавката
Денот на венчавката е долг, сигурно не сакате да се појавите пред вашиот сакан во истата долна облека што сте ја носеле цел ден. Доколку венчаница ви дозволува, облечете памучна долна облека во која ќе се чувствувате удобно. Секси долната облека чувајте ја за покасно.
Немојте да се грижите за ништо 24 часа пред венчавката
Ова значи дека не е важно дали преливот на тортата не се совпаѓа со декорацијата или дали цветниот аранжман има маани. Вашата работа со организација на венчавка завршува еден ден пред церемонијата. Ова е клуч за вашиот мир и среќа. Ветете си себе си дека ќе се опуштите, ќе ви биде драго поради тоа.
Фокусирајте се на вашиот партнер
Ако работите излезат од контрола потсетете се дека се мажите за љубовта на вашиот живот. Смирете се со мислите за медениот месец кој ве чека и животот што ќе го минете заедно. Ако го можете ова, се останато ќе ви изгледа излишно.