Модната недела во Њујорк, која што започна на 12-ти октомври а заврши вчера, ги претстави новите трендови кога се венчалните фустани во прашање за наредната сезона, пролет-лето 2014.
Без оглед дали планирате венчавка, или едноставно сте вљубеник во убавите венчаници, оваа модна недела е убава можност да ги видите последните новитети.
За есен-зима 2013/14 дизајнерите јасно порачаа дека во тренд ќе бидат чистите линии и материјали. Фустаните во кои невестите изгледаа како принцези, со корсети и широки здолништа, не беа веќе на пиадесталот.
На сметка на тоа во преден план дојдоа тантелата, свилата и фустани од 1930-тите, a веќе ви ја претставивме колекцијата на Вера Ванг каде доминираа венчаници во боја.
На модната недела се претставија и Маркеза, Моник Луилер, Темперлеј Лондон, Рем Акра, Рамона Кавеза, а во продолжение погледнете го прегледот на дел од најубавите фустани претставени во изминатите три дена.