Хрватскиот моден бренд кој многумина го препознаваат по фантастичните венчаници што ги обожаваат многу девојки, има нова колекција и лукбук со малку поинакви креции.
Тие за оваа пролет предлагаат шик и малку поинакви венчаници повторно направени од волшебна тантела и тул, но со малку полежерен и кул призвук.
Овојпат, тие комбинираат долго и волуменозно здолниште од тул со маичка на куси ракави со интересен натпис. За сите вљубенички во сирена кроевите, тие нудат и тесни венчаници во шпански стил со голи рамена и големи и впечатливи карнери.
Подеднакво бајковити се и целосно тантелните венчаници со совршени кроеви и длабоко деколте, но и оние со долги ракави и неодолив отворен грб.
Во однос на боите, дизајнерите на eNVy room повторно ја користат млечната бела кај повеќето креации, но овојпат ја промовираат и нежната розова кај дел од креациите.
Во продолжение во галеријата, погледнете ги сите модели на венчаници претставени преку едноставен лукбук.