Познати манекенки на денот на венчавката

10 јуни 2014

Кога поголемиот дел од животот ќе го поминете во креации од престижни модни куќи, се очекува  денот на венчавката да биде совршено модно искуство. Супермоделите одамна имаа статус на ѕвезди од А листата, а нивните венчаници се често ремек-дела на големите уметници од високата мода.

Фронтменот на групата Дуран Дуран, Симон Ле Бон, својата идна невеста ја виде во магазин, а потоа веднаш се обрати во нејзината агенција и побара контакт. Младата Жасмин Парване тогаш се забавуваше со Род Стујарт. Сепак, упорноста на Ле Бон се исплати, а во 1985 година се венчаа и до денес важат за еден од најкомпактните  модно-музички парови.

Невеста во рок фазон Невеста во рок фазон

Првиот ден од месец јули 2011 година, беше историски ден во светот на моделството, зашто Кејт Мос конечно стапна на лудиот камен. Избраникот на нејзиното срце е рокерот, Џејми Хинс, а таа носеше венчаница специјално изработена од Џон Галијано. Секако, медиумското внимание не можеа да го избегнат, а венчаницата на Мос беше инспирирана од 20-тите години.

 

Венчавка на деценијата Венчавка на деценијата

После осум години врска, во 2009 година популарниот актер Марк Волберг и убавата Реа Дурам конечно решија да запловат во брачните води. Реа заблеска во венчаница на Марчеса, а парот дотогаш веќе имаше три деца. Денес се среќно семејство, со уште еден член, односно ќерката што ја добија по две години од склучувањето на бракот.

Коко Роча не е само супермодел, туку и олицетворение на убавица што размислува со своја глава. Нејзината венчавка на 9-ти јуни 2010 година е одржана во тајност, а она што беше познато е дека ќе носи уникатна венчаница од Зак Посен. Подоцна, се појавија фотографии на кои се гледа како популарната Коко изгледа изговарајќи го судбоносното Да.

Музата на  Зак Посен Музата на Зак Посен

Ања Рубик носеше традиционална кратка венчаница и за овој свој голем ден таа избра фустан  од модната куќа Емило Пучи, куќа што всушност ја откри како полски супермодел. Манекенската двојка Саша Кнежевиќ и Ања Рубик се венчаа на Мајорка, 19-ти јули 2011 година.

Манекенска двојка Манекенска двојка

Лара Стоун и Дејвид Вилијамс  се венчаа во мај 2010 година во Лондон. Младата невеста носеше бело-златна Живанши венчаница, а подоцна ја смени со провокативен фустан во златна нијанса. Традиционалната венчавка лесно се претвори  во незаборавна журка, а четири години подоцна Лара и популарниот комичар станаа горди родители што сеуште уживаат во брачниот живот.

Традиција и забава Традиција и забава

Шкотскиот супермодел со сина крв, Стела Тенат, на својот имот се омажи со францускиот фотограф, Дејвид Ласент во јуни 1999 година. Стела остана доследна на својот минималистички стил и носеше венчаница со потпис на модната куќа Helmut Lang. Речиси 15 години подоцна, двојката живее на истиот имот и има четири деца.

Шкотско-француска љубов Шкотско-француска љубов

Во Сен Тропе, во април 2011 година, руската убавица Наташа Поли го кажа судбоносното Да на Питер Бакер, холандски бизнисмен. Невестата носеше венчаница на Живанши со долги ракави, а прославата траеше три дена. Пред 200 гости и забава со пејачката Леона Луис, парот го почна новиот живот. Две години подоцна го добија првото дете.

Тридневна свадба Тридневна свадба

Објавено:
10 јуни 2014
Категорија: 
Бела соба