Доколку следната пролет се подготвувате за свадба, сигурни сме дека текстов ќе ви биде од помош. Неодамна во Њујорк се одржа модната недела за венчаници токму за пролет 2020.
На едно место се собрани сите трендови кога се невестинските фустани во прашање.
Кога се кроевите во прашање, нема изненадувања - сите се подеднакво застапени, односно одберете го оној што најмногу ќе ви прилега на типот на телото.
Но, кога се деталите во прашање, оваа пролет има трендови за сечиј вкус.
Од венчаници со минималистичка естетика, преку оние со тантела на кои веќе сме навикнале низ годините и чија популарност се уште не се намалува, па сè до венчаници со пердуви, кои се тренд број еден.
Покрај нив, моделите со голема панделка во задниот дел се исто така исклучително популарни.
За оние што не се пронаоѓаат во класичната естетика, вреди да се напомене дека комбинезоните и генерално комбинациите со панталони се „ин“ како и венчаниците во некоја друга боја или пак оние со принт.
Без разлика што се работи за сезона кога сонцето доминира, моделите со ракави се едни од оние што невестите во последно време најмногу ги бараат, како и моделите што подразбираат огромни здолништа од тул и корсет - естетика која исто така станува моден класик.
Изразот на V е исто така во самиот врв на листата, а зад него е срцевидниот, како и моделите без прерамки.
Покрај тантелата, која погоре ја споменавме, ситни украсни камчиња и ефектот на светкавост е исто така привлечен на актуелните невести. Ако сакате нешто тренди и впечатливо - ресите нека бидат вашиот избор.
Во продолжение погледнете сублимат од најпопуларните модели за следната пролет-лето сезона и кажете ни кои модели се вашиот фаворит.