Пријанка Чопра и Ник Џонас направија веридба во Индија

20 август 2018

Актерката Пријанка Чопра и музичарот Ник Џонас викендов ја официјализираа својата врска. Веридбата се случуваше во Индија, во кругот на семејството и најблиските пријатели.

Веста ја потврдија и преку социјалните мрежи, од каде можеше да се види и дел од атмосферата. 

Веридбата беше според индиските обичаи, а на која присуствуваа двете семејства. 

 Ник сподели неколку фотографии и видеа на кои се гледа дека младите одлично се забавуваат. Пријанка од друга страна пак, објави фотографии под кои напиша: „ Зафатена... со моето срце и душа“, „Единствениот начин на кој ова се прави... со семејството и Бог. Ви благодарам на сите за убавите желби и благослови“.

 Во јуни во медиумите се појавија шпекулации дека двојката е во врска, а кон крајот на претходниот месец, Ник ја побара Пријанка за жена.

 

 

 

A post shared by nickjonas (@nickjonasrealteam) onAug 19, 2018 at 12:09am PDT

 

 

 

 

 

 

A post shared by Nick Jonas (@nickjonas) onAug 18, 2018 at 2:45am PDT

 

Објавено:
20 август 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
696 пати
Извор: 
Harper's Bazaar