Принцезата Беатрис се омажи во фустан на кралицата Елизабета II

20 јули 2020

Во присуство на 20-тина гости, принцезата Беатрис викендов се омажи за своето момче, италијанскиот гроф и тајкун Едуардо Мапели Моци.

Венчавката се одржа во тајност, во црквата во дворецот Виндзор, а на официјалните профили на британската палата, се објавија неколку фотографии кои откриваат како принцезата изгледаше како невеста.

Инаку, ова е првата кралска венчавка одржана во тајност по повеќе од две децении. Причините се и актуелната состојба со Ковид -19, но и аферата на таткото на Беастрис, принцот Ендрју, инаку син на кралицата Елизабета, кој беше обвинет за злоставување жени.

Иако присутен на веселбата, принцезата му дозволила да ја испрати до олтарот, тој сепак не се појавува на ниту една од фотографиите.

Освен младенците, на една од фотографиите се и кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Како пренесуваат британските медиуми, кралицата била посебно емотивна, особено имајќи предвид дека младата принцеза се одлучи да се омажи во нејзин фустан.

Беатрис носеше креација од Норман Харнел, која Елизабета ја носеше во 1962 година. За потребите на принцезата, фустанот е адаптиран и додадени му се ракави. Тијарата и велот што го надополнуваат венчаниот изглед се исто такана кралицата Елизабета и тоа од нејзиниот невестински стајлинг.

Со овој винтиџ изглед, а адаптиран за принцезата, ѝ е оддадена голема чест на кралицата.

Беатрис и Моци неколкупати ја одложуваа венчавката поради пандемијата на коронавирусот. Освен кралската титула, мажејќи се за Моци, Беатрис доби уште една - грофица.

 

Објавено:
20 јули 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
955 пати