Почна сезоната на свадби. После подолга пауза, луѓето се навистина расположени да ја слават љубовта и да ја споделат среќата со најблиските.
Доколку сте гостинка на свадбена веселба во месеците што претстојат, а не знаете уште како би сакале да изгледате, можеби овој текст ќе ви помогне.
Трендовите нудат широка палета на изобр.
Од минималистички фустани во една боја, „слип фустаните“ повторно се враќаат во полн сјај, преку едноставни колор-блок комбинации, па се' до фустани со цветен дезен.
Веројатно тоа не е некое изненадување, со оглед на тоа дека доаѓа пролет, но каде и да погледнете, барем кога се странските брендови и медиуми, за пролетни свечени фустани, ќе видите макар десетина со цветен дезен и принт.
Оваа пролет боите дефинитивно ќе доминираат, па сериозно размислете црната да ја смените со сина, жолта, розова, зелена...
Мини, а посебно миди должините се доминантни, па изгледа време е да ги ослободиме и нозете и да му дадеме простор на сексапилот.
Во продолжение погледнете ја галеријата и инспирирајте се: