Раскош и романтика во новата колекција венчаници на Зухаир Мурад

19 октомври 2017

Зухаир Мурад е дизајнер кој е умешен во кокетирањето со жените. Тој знае како да ѝ угоди на префинетата женска естетика и затоа важи за еден од омилените современи дизајнери.

Неговата нова колекција венчални фустани е олицетворение на неговата отменост и раскош, што како дизајнерски идентитет му донесе планетарен успех.

Но, она што ја прави оваа колекција уште попривлечна, е суптилниот спој со романтичната естетика пренесена преку изборот на нежна тантела украсена со флорални детали.

Долгите и впечатливи велови, што за следната сезона веќе се најавени како водечки тренд, доминираат и во оваа колекција. Забележително е дека на секој детаљ е посветено исклучително внимание, а кроевите се предмет на мајсторска игра која резултира во различни силуети, од такви што ја следат линијата на телото до волуменозни здолништа во А крој.

Фото извор: Зухаир Мурад

 

Објавено:
19 октомври 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
4.333 пати