Рузмарин како детаљ - заштитник на брачната среќа

8 јули 2014

Рузмаринот не ретко се користи како украсен детаљ на свадбите и тоа најчесто од  реверот на младоженецот, деверот, кумот и сваросватот. Рузмаринот како билка ја симболизира верноста и е заштитник на брачната среќа, па доколку немате идеја како да ги украсите реверите на посилната половина, изборот нека биде комбинација на рузмарин и некое ваше омилено цвеќе. Не помислувајте на оние пластични цветни апликации, изгледаат како да сте ги избрале ноншалантно.

 

Избегнете го овој момент и одлучете се за свеж цвет комбиниран со гранчиња рузмарин, кои освен што се убави испуштаат и прекрасен мирис. Освен на реверите, рузмаринот можете да го искористите и за останатите декорации.

Нека фотографиите од галеријата ги  разбрануваат креативни решенија за вашата венчавка, реализирани се разбира со употреба на рузмарин.

Објавено:
8 јули 2014
Категорија: 
Бела соба