Се омажи амбасадорката на Шанел

19 јули 2013

Каролин Сибер е стилистка која детството го помина во Виена, а таму ја организираше и својата венчавка, која се одржа викендов. На модниот свет му е позната како амбасадорка на модната куќа Шанел. Таа е една од двете личности на кои самиот Карл Лагерфелд им дозволи да облечат Шанел во 2005 година на Costume Institute Ball.

Нејзината венчавка траеше цел викенд и делумно претставуваше писта на креации од висока мода.

За да се одберат сите фустани кои Каролин ги носеше на венчавката, беа направени 11 проби, а изборот секако падна на Шанел и на креација со потпис на Кристофер Кејн.

Како изгледаше венчавката од соништата на речиси секоја девојка, погледнете во продолжение.

 

Објавено:
19 јули 2013
Категорија: 
Бела соба