Се ожени грчкиот принц Филип, избраничката Нина во венчаница на „Шанел

27 октомври 2021

Кралската венчавка во Атина викендов, ги собра припадниците на евроспките монархии. Грчкиот принц Филип се ожени со својата избраничка, Нина Флор која се одлучи за венчаница со потпис на „Шанел“.

Многумина можеби очекуваа некој грчки дизајнер, но Флор се одлучи за креација од свилен тафт, изработена специјално за неа, но по пример на една од креациите од колекцијата од Висока мода на „Шанел“ за сезона есен-зима 2021. 

Нејзиниот изглед е дополнет со вел од свилен тул и наметка на која има рачно зашиени бисери и дијамантска цветна дијадема со скандинавско кралско потекло. Истата ја носелеа и мајката на принцот Филип, кралицата Ен Мари, пред венчавката со кралот Константин.

Инаку, принцот Филип е роден во Лондон, каде е и крстен, а кумови му се принцезата Дајана и принцот Вилијам.

На венчавката изминатиот викенд присуствуваа принцезата Беатрис со сопругот и нејзината сестра Јужин, како претставници од британското кралско семејство, како и претставници од шпанското, данското, шведското кралско семејство.

Инаку, ова е прва кралска свадба одржана во Грција после 50 години.

Дел од свадбените фотографии беа објавени на социјалните мрежи, а некои од нив можете да видите и во продолжение:

 

фото извор: @greek.royal; @conpompayboato; @royalsofgreece;

Објавено:
27 октомври 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
10.166 пати