Уметничкото ремек дело на британскиот сликар Џон Верт Миле инспирирано од еден од најпознатите шекспирови ликови, Офелија е појдовната тема за новата фотосесија на хрватскиот бренд eNVy room.
Нежни, поетични и романтични, венчаниците од оваа колекција се визуелна реинтерпретација на уметничката слика.
Изборот на кроеви е богат, па така оваа нова линија венчаници вклучува класични модели со кринолини, лелеави модели, како и популарните венчаници во сирена крој. Како новитет што оваа сезона eNVy room го промовира се двете венчаници во нежни нијанси на лаванда кои што биле креирани по барање на нивните клиентики.
За оваа фотосесија беше ангажирана хрватската манекенка Мартина Мајценовиќ која позираше пред објективот на познатиот фотограф Шиме Ешќиња.